Балотели нема да настапи ниту против Шалке


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Ница на официјалниот сајт соопшти дека Марио Балотели ќе го пропушти дуелот против Шалке.

    Францускиот клуб утре во рамките на 5. коло од групната фаза во Лигата на Европа ќе му гостува на Гелзенкирхен, а менаџерот Лусијан Фавр на овој натпревар нема да може да смета на првиот стрелец, Марио Балотели.

    Како што е наведено, Балотели се повредил на тренингот пред натпреварот и ќе биде принуден да паузира одредено време, а ова му е втор натпревар во низа да не игра. Претходно Балотели не играше во Лига 1 против Сент Етјен.

    Оваа сезона Балотели игра одлично и во дресот на Ница постигна шест гола во исто толку одиграни натпревари во лигата.