Банкротираа три клуба во Серија Б: Ќе се игра ли со 19 екипи!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека сите го чекаат дебито на Кристијано Роналдо во Серија А и пишуваат за враќање на лигата на врвот, од друга страна во втората најсилна италијанска лига тонат многу клубови.

Во Серија Б ситуацијата е хаотична. Денеска беше соопштено дека наредната сезона најверојатно ќе се игра со 19 клубови бидејќи Чезена, Авелино и Бари прогласиле банкрот.

Италијанскиот фудбалски сојуз се противи на идејата за намалување на бројот на клубови, но сите други инсистираат на натпреварување со 19 клубови.

„Газета дело Спорт“ пишува дека најгласен е сопственикот на Лацио и Салернитана, Клаудио Лотито.

Во меѓувреме Катанија, Новара, Сиена, Тернана, Про Верчели и Виртус Ентела побараа да ги пополнат трите празни места во Серија Б.