Барнс: “Леброн и Лејкерс се совршени еден за друг”


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова лето во НБА лигата беше веројатно највозбудливото во изминатите неколку години, додека да трепнеш неколку играчи смениле тим. Но како што стојат работите, многу е возможно следното лето да биде уште поважно за иднината на лигата поради евентуалната преселба на Леброн Џејмс.

Знаејќи дека Кајри Ирвинг ќе го напушти тимот, логично е да се претпостави дека ниту Џејмс, чиј договор истекува наредното лето, нема да остане уште долго со Кавалирс. Членот на Голден Стејт, Мет Барнс само додаде масло на оганот со последната изјава каде што ја допре темата за преселба на Леброн Џејмс во Лос Анџелес Лејкерс.

“Мислам дека е совршено за двете страни. Тој дури има и купено куќа во Лос Анџелес. Како што слушнав, тој сака да се занимава со менаџмент по крај на кариерата и сметам дека не постои подобар човек кој може да му ги покаже патиштата во менаџментот од Меџик Џонсон.” – рече Барнс.

 

Шпекулациите кои го опкружуваат тимот на Кливленд Кавалирс се многу на број и во најлош случај тие по крајот на наредната сезона можат да останат без двете најголеми ѕвезди, Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг.

Кливленд Кавалирс во последните три години играа во три финалиња и освоија една шампионска титула.