Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Фудбалерот на Атлетик Билбао Инаки Вилијамс (22) смета дека Барселона нема право да се жали на судењето.
Атлетик и Барса моментално го играат реванш од осмина финалето на Купот на Кралот, после што во првиот меч Атлетик на Сан Мамеш славеше со 2:1.
После тој меч, играчи на Барса ги обвинија судиите дека им направиле штета со некои одлуки, но во споменатиот меч се исклучени двајца домашни фудбалери.
„Барселона е последен клуб кој има право да приговара поради судиски грешки на нивна штета, бидејќи е една од двата најголеми клубови во државата и секогаш кога ќе се подвлече црта, ќе има повеќе судиски грешки за нив, а не контра нив“, рече младиот Вилијамс, кој додаде:
„Ако промашам јас сам пред голманот, како тогаш судијата нема да погреши? Тие се човечките суштества, како и фудбалерите. Нивната работа е многу тешка и не сакам да протестирам против нивните одлуки“.
Во Барса биле бесни на судењето и во мечот на ЕЛ Мадригал против Виљареал (1:1), па сигурно „луѓето во црно“ ќе имаат многу работа и вечерва на Ноу Камп.