Барса избра нов тренер?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Енрике најави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, а од тогаш се шпекулира за негов потенцијален наследник.

Барса во оваа сезона играше турбулентно, сепак, успееја да останат во конкуренција за сите трофеи, играат 1/4 финале на ЛШ со Јувентус, додека Реал во Примера бега со два бода на врвот, но Галактикосите имаат и натпревар помалку.

Во финалето на Купот на Кралот играат со Депортиво Алавеш, тука се големи фаворити, но и покрај се Енрике се одлучи да се повлече.

Истакна дека сака да се одмори, договор му истекува, и барем на некое време ќе се раздели од својата сакана Барселона.

Медиумите на големо пишуваат за потенцијален наследник, денеска пишувавме за можноста за  клупата на Блауграната да ја преземе тренерот на Тотенхем Маурисио Пикетино, а најновите информации укажуваат дека желба на управата на тренерот на Атлетик Билбао Ернесто Валверде.

Тој наводно е прв избор, наскоро може да отпочјнат и преговори меѓу каталонскиот клуб и шпанскиот тренер, кој веќе долго време ги предводи Баскијците од Сан Мамеш.