До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барса повторно сака да купува во Атлетико Мадрид.
Како што пренесува каталонски Спорт, спортскиот директор на Барселона Роберт Фернандез во средата во Мадрид го скаутираше Јаник Караско, кој може да биде ново засилување на Каталонците.
Според овој извор, Барселона размислува да плати 40 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула во наредното лето.
Караско токму на мечот против Баерн во средата вечер го постигна победоноскиот гол за Мадриѓаните и пружи уште една одлична партија што сигурно ги задоволи челниците на Барселона.
Белгиецот може да игра на двете крилни позиции и сигурно дека може да биде вистинско решение, но како и многу други, само како алтернатива на Меси и Нејмар.















