Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ јавува дека од Барселона подготвуваат нов договор за Серхио Бускетс со кој ќе го задржат во клубот до крајот на кариерата.
Агентот на играчот, Жозеп Мариа Оробитг постигнал договор со првите луѓе на Барселона за новиот договор, но тој се уште не е официјално потпишан затоа што остануваат да се договорат некои ситни детали.
Договорот ќе биде потпишан до 2023 година, а наместо досегашната откупна клаузула од 200 милиони евра, сега ќе има откупна клаузула од вртоглави 500 милиони евра.
30 годишниот фудбалер кој ќе добие и зголемување на платата ќе го потпише новиот договор следната недела.