Барселона била одбиена за Гризман


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Шпанија веднаш по трансферот на Нејмар во ПСЖ од Барселона испратиле понуда до Атлетико Мадрид за услугите на Антоан Гризман.

„Мундо Депортиво“ пишува дека „Јорганџиите“ одбиле високи 124 милиони фунти за францускиот интернационалец.

Гризман го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2022 година, но се очекува следното лето да го напушти клубот и да се пресели во Манчестер Јунајтед.