Барселона во големи проблеми: Полека почнува да се распаѓа!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Се погласни се шпекулациите дека Меси би можел да ја заврши кариерата во Њуелс Олд Бојс, но Барселона планира да направи се за да го задржи играчот во Каталонија. Меѓутоа, работата е во тоа што преговорите за нов договор сопреа бидејќи Барселона има проблем да ги задоволи сите страни.

    Да го плаќате Меси не е ниту малку лесно бидејќи треба да се балансира клупската заработка во благајната со платите на големите ѕвезди, особено на Нејмар, Бускетс и Маскерано кои потпишаа нови договори, а следни на листата се Суарез, Ракитиќ и Тер Стеген. Договорите на тие играчи исто така се и гаранција дека Меси и наредните години ќе се бори за сите титули.

    Барселона за платата на Меси мора да го зголеми својот буџет. Минатата финансиска година ја завршија со приходи од 683 милиони евра. Клубот на плати на играчи потроши 438 милиони евра, а тоа е вкупно 64% од вкупниот буџет, а дополнителните приходи би го зголемиле тој дел од буџетот за 40 милиони евра. Новите договори за Нејмар, Маскерано и Бускетс веќе ја вратија назад Барселона, а договорите за споменатите играчи ќе даде уште посилен удар. Меси последен ќе потпишува договор.

    Моменталниот договор на Меси е многу скап. Службено, тој заработува 33 милиони евра по сезона, иако и тоа не е фиксна сума поради долговите кои клубот ги има. Во сезоната 2014/15 и 2015/16 Барселона му плати 22 милиони евра, но оваа и наредната сезона тојт реба да добие 42 милиони евра. Во клубот свесни се дека мора да ги зголемат приходите на милијарда евра до 2021 година бидејќи тоа е единствен начин да се задржи триото МСН.

    Меси моментално има договор до 2018 година и по завршување на договорот ќе има 31 година. Тој изјави дека сака да игра само во Барселона во која е од 2001 година и се очекува таму да остане. Меѓутоа, и Барселона ќе мора добро да се потруди бидејќи богатите шеици само ја чекаат својата шанса, па ако треба ќе платат и над 200 милиони евра.