Барселона во проблеми пред тешкото гостување


    Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


    Барселона во недела ќе го има едно од најтешките гостувања оваа сезона во Ла Лига.

    Каталонскиот клуб ќе игра против екипата на Севиља, а пред тој натпревар, менаџерот Луис Енрике има одредени проблеми со составување на тимот.

    Претстојниот натпревар поради повреда ќе го пропуштат Пике и Жорди Алба, што ќе биде голем удар за последната линија на актуелниот шампион на Шпанија.

    Доколку се биде по планот, двајцата играчи на теренот ќе се вратат на натпреварот против Малага на „Камп Ноу“, кој е закажан за 19. ноември.