Барселона газеше, Лазаров со шестка за Виља Де Аранда, Борко гледач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Барселона на гости убедливо ја победија Виља Де Аранда во натпревар од 23-то коло во Асобал, 23:39.

На полувреме каталонците заминаа со плус седум, 10:17. Во вториот дел ракометарите на Барселона стигнаа до двоцифрена предност и на крајот победија со убедливи, 23:39

Виктор Томас со 8 погодоци ја предводеше Барселона. Кирил Лазаров натпреварот го заврши со шест погодоци од седум обиди. Голманот Борко Ристовски не настапи на денешниот натпревар. Кај Виља Де Аранда најмногу се истакнаа Хуан Луис Мојано Ајала и Раул Нантес Кампос со по 5 погодоци.

23-та победа за Барселона во Асобал во исто толку натпревари.