Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона го освои ASOBAL Суперкупот, откако во Памплона ја победи екипата на Хелветиа Анаитасума со 38-30 (18-15).
Кирил Лазаров во голем стил го започна мечот и во првите 10 минути постигна три гола и имаше едно додавање за кружниот напаѓач Сорондо. Сепак водени од Микел Агирезабалага ракометарите на Хелветиа Анаитасума одржуваа егал почеток и дури пет пати го израмнуваа минималното водство на шампионот.
Борко Ристовски застана меѓу стативите по само 10 минути и веднаш запиша одбрана, а Лазаров со одлична асистенција го најде Арињо за гол за +2 во 13 минута. Нашиот репрезентативен капитен со леснотија ја пробиваше противничката одбрана и кога реализира седмерец за 11:8, стручниот штаб на Хелветиа Анаитасума побара минута одмор.
Во последните 10 минути од првиот дел Пасквал го ротираше тимор, влегоа Нгесан, Јиха и Андерсон, но Барса одржуваше 3-4 гола предност. Со 18:15 се отиде на одмор, а тие +3 кои пет пати ги имаа Каталонците беа и максимална предност за фаворитот.
На почетокот на второто полувреме Барса побегна на +6 и со многу поголема комоција го пречека последниот ден од натпреварор (25:19). Ласе Андерсон играше одлично и постигна четири гола за највисоки 27:20 во 44 минута. Откако се врати во игра Лазаров од контранапад погоди за петтиот гол за 31-25 во 51. минута.
Чиста рутина беа последните 10 минути во кои Барса го приведе Суперкуп финалето до победа од 38-30. Во екипата на Барселона Кирил Лазаров со 6 гола и Седрик Сорондо и Раул Ентрериос кои постигнаа по 5 гола беа најдобри стрелци, а Борко Ристовски имаше добар дебитантски настап. Со мечот на Барселона против Граноњерс в среда почнува новата ASOBAL сезона.