Барселона го потврди трансферот на Кутињо


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Тоа што се шпекулираше долго време денес доби и официјална потврда. Бразилецот Фелипе Кутињо е нов фудбалер на екипата на Барселона.

Каталонците денес го потврдија трансферот на играчот, а Ливерпул за него ќе добие високи 160 милиони евра со што ќе стане вториот најскап трансфер во историјата по Нејмар. Каталонците објавија дека Кутињо ќе потпише договор на пет и пол години, а откупната клаузула ќе му биде вртоглави 400 милиони евра.

Кутињо ќе биде присутен на трибините на утрешниот натпревар на Барселона против Леванте, а медицинските прегледи ќе ги помине во понеделник.