Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона ја растури немоќната Џирона во 25. коло од шпанската Ла Лига. Гостите поведоа во третата минута преку Порту и тоа беше се што гостите успеаја да направат вечерва.
Само две минути подоцна Меси со својата рекордна 148 асистенција во Ла Лига му помогна на Суарез да го најде патот до мрежата. Во 30. минута Уругваецот му се реваншираше на Меси кој ја доведе Барселона во водство.
Во 36. минута Меси со фантастичен гол од слободен удар зголеми на 3:1, а во завршницата на првиот дел Суарез погоди за 4:1.
Тоа не беше крај на маките на Џирона затоа што Барса во продолжение постигна уште два гола. Кутињо во 66. минута зголеми на 5:1, а Суарез во 76. минута го постави конечниот резултат на асистенција на Дембеле.