Барселона добива нов тренер – Енрике си го одбра својот наследник!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


По се изгледа дека поразот од ПСЖ со 4:0 му пресуди на Енрике.

Барселона не можеше ништо да стори против ПСЖ, кој постигна 4 голови и според многумина веќе обезбеди пласман во наредното коло.

За распадот на Барселона е виновен Енрике, кој наводно веќе долго време го бојкотираат играчите, па сега е сигурно дека тој ќе замине од тимот.

Шпанските медиуми тврдат дека Хуан Карлос Унце е новиот тренер на Барселона.

Тој досега беше помошник,а воедно и човек кој го сака Меси.

А кога те сака првата ѕвезда во тимот, тогаш логично е дека сте во добра позиција.

Поранешниот голман на Барселона го носеше дресот на Барселона две години, а во кариерата има брането за Осасуна, Тенерифе, Овиедо и Севиља.

Работеше во Барселона со Рајкард и Гвардиола, а Енрике тврди дека тој би бил најдобро решение за тимот.