Барселона доби конкуренција: Англиски гигант нуди примамлива понуда за Нејмар!?

Во претходниот период се шпекулира дека Нејмар ќе замине од ПСЖ, па ќе потпише за Барселона, но очигледно Каталонците добија конкуренција од англиски Манчестер сити.

„Дон Балон“ пишува дека Пеп Гвардиола е решен да го ангажира Бразилецот во Манчестер сити, а за тоа е подготвен да понуди 100 милиони евра плус Габриел Жесус.

Младиот напаѓач сезонава има одредени проблеми поради неефикасност, но нема сомнеж дека го чека светла иднина. Сепак, Гвардиола е подготвен да го „жртвува“ за да го ангажира Нејмар.

Нејмар неодамна кажа дека сака да игра во Премиерлигата еден ден, а тоа е желба и на неговиот татко, кој води сметка за неговата кариера.