Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Основачот на шпанскиот весник „Спорт“, Хозе Луис Карацо на својот Твитер профил потврди дека Барселона е пред договор со Кутињо и дека трансферот ќе биде обелоденет наскоро.
„Тој ќе се приклучи на Барселона. Валверде побарал да биде донесен. Тој ќе пристигне наскоро“- напиша на Твитер, Карацо.
Парите од Нејмар, Барселона ќе ги потроши на три засилувања, а покрај Кутињо кај Каталонците веројатно ќе пристигнат и Оусман Дембеле и Ињниго Мартинез. Како што пишува „Спорт“ Барселона има постигнато договор со сите тројца, но се чека да ги договори висините на оштетите со нивните клубови.
Фелипе Кутињо не е во составот на Ливерпул за натпреварот против Атлетик Билбао кој ќе се одигра во Даблин.