Барселона е во проблеми – Уште една повреда на фудбалер?

Паулињо мораше да го напушти теренот во 53 минута против Еспањол поради најверојатно посериозна повреда.

Бразилскиот фудбалер се пожали на болки во ногата во 53 минута од натпреварот, а беше изнесен од теренот и денес ќе се дознае колку е сериозна повредата.

Десната нога е проблемот, а Паулињо може да отсуствува околку еден месец ако станува збор за тоа што се сомневаат докторите, а тоа е проблем на метатарзалната коска.

Паулињо е одличен оваа сезона, а пристигна ова лето за 40 милиони евра.