Барселона имала подмолен план, но еве што го спречило трансферот на Иско во Каталонија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанецот остануваше без договор и во еден момент изгледаше дека нема да добие нов, но на крајот благодарение на тоа што ја поправи формата, Зидан одлучи да му даде нов договор.

Барселона се обидувала да најде начин како да го донесе бесплатно во својот тим, а на крајот фудбалерот на Реал ги кажал своите барања.

Тој покрај загарантираната минутажа, барал и околу 5 милиони евра поголема плата на годишно ниво од тоа што му било понудено во Барселона.

Барселона го одбила, а Иско остана во Реал Мадрид поради тоа што Барселона го „бркала“ и тогаш Филипе Кутињо, кој успеа да го донесе дури во овој преоден рок за 160 милиони евра.