Барселона конечно најде решение за позицијата десен бек


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесоа дека раководството на Барселона најде решение за позицијата десен бек.

После заминувањето на Дани Алвеш во Јувентус каталонскиот клуб имаше големи проблеми на десната бековска позиција. Луис Енрике мораше да го стави Роберто на оваа позиција, но јасно е дека младиот фудбалер не се вклопи во тоа.

Сигурно дека приоритет на Барселона ова лето ќе биде да доведат десен бек, наводно го најдоа. Според каталонскиот Спорт, Барселона ја контактира Бенфика бидејќи сака да го доведе 23-годишниот Нелсон Семедо.

Овој португалски фудбалер блесна оваа сезона, а наводно двата клуба разговарале за трансфер. Ако нема проблеми, Семедо во Барселона ќе стигне по крајот на сезоната за 30 милиони евра.