Барселона купува десен бек?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселонона купува десен бек?

Барселона во оваа сезона има големи проблеми со позицијата десен бек. После што лесно се решија од услугите на Дани Алвеш, во Барселона мака мачат со таа позиција.

Алеиш Видал не покажа партии какви што се очекуваше од него, па на позиција десен бек беше приморан да игра Серхио Роберто.

Нивна нова трансфер мета е 23-годишниот играч на Бенфика, Нелсон Семедо.

Челниците на Барселона веќе извршија разговори со челниците на клубот од Лисабон, а трансферот е пред реализација.

Семедо треба да се пресели во Барселона во ова лето, бидејќи Барселона пополека ја губи трката со останатите клубови за потпис за играчот на Арсенал Ектор Бељерин.

Според известувањата на португалскиот портал Спорт, претседателот на Бенфика,  Луис Фелипе Вереира, го посети каталонскиот главен град а главна причина на посетата беше Семедо.

Алеиш Видал, Рафиња и Серхио Роберто пробаа на десната страна да го заменат Дани Алвеш, но тоа не им одеше за рака, и поради тие причини Барса не сака ништо да препушти на случајот и сака што побрзо да го официјализира овој трансфер.