Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал немаше многу проблеми во второто коло на АТП турнирот во Барселона.
Рафа лесно стигна до нова победа и се пласираше во 1/8-финале.
Тој за само 1 час и 15 минути го победи Дутре Да Силва. Надал првиот сет го доби со 6:1, а во вториот беше подобар со 6:2.
Во наредното коло Надал ќе игра против Андерсон, кој еден ден претходно го победи Ферер во два сетови.
Денес пласман понатаму обезбедија Гофан со 7:5 и 6:0 против Басилашвили додека Чунг го победи Колшрајбер со 6:3 и 6:4.