Барселона нема трпение: Кутињо наскоро ќе биде ставен на трансфер-листата!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Барселона неделава го одигра големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид во рамки на првиот меч во полуфиналето на шпанскиот Куп, а на крајот резултатот беше 1-1.

„Кралевите“ имаа предност од самиот почеток на мечот со голот на Лукас Васкез, но домаќните во средината на второто полувреме преку Малком стигнаа до 1-1.

Шанса од првата минута доби и Филипе Кутињо, кој беше разочарување, па поради тоа најверојатно Бразилецот ќе биде продаден.

Каталонците немаат повеќе трпение за Кутињо, а очигледно како навивачите размислува и управата, па „Мундо Депортиво“ пишува дека Бразилецот би можел да замине на лето.