Барселона отсечна: Милан, не може?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот за врска на шпанскиот шампион, Денис Суарез е понуден на екипата на Молан, „Росонерите“ го сакаат во своите редови, но не се подготвени да им одговорат на барањата на каталонскиот клуб.

Имено, Барселона сака да го продаде Суарез, но и сака гаранција дека на име на трансферот ќе заработи барем 20тина милиони евра.

Од друга страна, екипата од „Сан Сиро“ има проблем со ФФП и подготвена е да и понуди на Барселона позајмица со право на откуп на Суарез, што на челниците на каталонскиот клуб им се допаѓа.

Засега нема договор помеѓу двете екипи и Барселона ќе се насочи кон заинтересираните екипи од Шпанија и Премиер лигата, би прифатиле позајмица, но само ако некој би гарантирал дека по истекот на истата ќе го откупат договорот на Суарез за 18-20 милиони евра.

Во Милан сепак не дигнаа раце, ќе ја следат ситуацијата, па повторно ќе се насочат во акција доколку Каталонците не пронајдат задоволувачко решение за играчот за врска меѓу екипите од ПЛ и шпанска Примера.