Барселона посакува играчи на Тотенхем


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од таборот на Барселона испратиле скаути да ги следат настапите на Кристијан Ериксен, но и на новиот играч на Тотенхем, Девинсон Санчез.

Спортскиот директор на Барселона и уште двајца скаути биле присутни на „Сантијаго Бернабе“ на вчерашниот натпревар кој го одиграа Реал Мадрид и Тотенхем.

Данскиот репрезентативец е посочен како можна замена за Фелипе Кутињо доколку Бразилецот не се пресели на „Камп Ноу“. Каталонците и претходно беа заинтересирани за Санчез, но тој се реши да се пресели во редовите на Тотенхем.