Барселона постави нов рекорд во ЛШ (ФОТО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Барселона синоќа успеа да слави со 5-1 против Лион во Лигата на шампиони (ЛШ) и така обезбеди пласман во четвртфиналето на елитното натпреварување.

Каталонскиот клуб во период од 1998 година до 2002 година немаше загубено ниту еден меч на „Ноу Камп“ во елитното натпреварување, а сега го подобри рекордот.

Со победата против Лион тие стигнаа до серија од 30 натпревари без пораз пред своите навивачи. Таа почна по поразот од Баерн на гостувањето со 0-3, а досега Барселона на домашен терен оствари 27 победи и само три ремиња.

Исто така, Барселона по 13. пат по ред се пласира во четвртфинале на ЛШ, а за тоа време три од вкупни пет пати беше европски шампион.

Ждрепката за четвртфиналето ќе се одржи во петок во Нион, а за полуфинале ќе се борат Манчестер сити, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Барселона, Јувентус, Ајакс и Порто.