Барселона постави отсечен ултиматум за недисциплираниот Дембеле: Или или …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона со ултиматум го услови Осман Дембеле, тврди шпанскиот спортски весник, Спорт.

Според тврдењата на весникот близок до шпанскиот клуб, челниците на Барселона му се „заканиле“ на Осман Дембеле, со продажба ако продолжи недолично да се однесува.

Хронологијата на старите но и константни „гревови“ на Дембеле, се огледува во неспортскиот начин на живот и прехраната како и доцнењето на тренинзите. Како што се наведува ветераните како Луис Суарез и Џерард Пике веќе подигнале глас поради детинестите навики на нивниот колега. Шпанските медиуми во последните недели пишуваа дека Барселона својот 21-годишен Французин ќе го испрати на пракса кај психолох за проценка на металната состојба.

Случајот на Дембеле, го констатира Спорт, сличен е на ситуацијата на Артуро Видал, но Чилеанецот е упорен во прилагодувањето на клупскиот менталитет и бројните правила.

Ако не покаже волја за промена во продлжение, Дембеле ќе биде продаден на крајот од тековната сезона, а Каталонците би барале за него 100 милиони евра.

Ливерпул, ПСЖ и Арсенал се подготвени да преговараат, дури и по цена на се уште незрелото однесување на Дембеле.

Во трансфер вреден 115 милиони евра, Осман Дембеле ја напушти Борусија Дортмунд и потпиша петгодишен договор со Барселона. Во досегашните 38 меча, забележа 10 погодоци и 10 асистенции.