Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Барселона сакаат што побрзо да го продадат Денис Суарез за сума од 20 милиони евра.
Играчот од средниот ред се поврзува со трансфер во Арсенал, но „Топчиите“ не може да го купат, туку го бараат само на позајмица затоа што не може да си дозволат таков трансфер.
Од Арсенал испратиле понуда во висина од два милиони евра за да го добие Суарез на позајмица до крајот на сезоната и без право на откуп. Оваа понуда наводно не била прифатлива за Каталонците кои сакаат да издејствуваат перманентно откупување на неговиот договор по крајот на сезоната.