Барселона сериозно притиска за капитенот на Ајакс


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Барселона сериозно притискаат во своите редови да го донесат капитенот на Ајакс, младиот супер талентиран стопер, Матијс Де Лигт.

Откако постигнаа договор со Френки Де Јонг кој ќе пристигне на „Камп Ноу“ во текот на летниот преоден рок сега од раководството на Барселона вниманието го насочија кон ангажман на Де Лигт.

Дека името на Де Лигт сериозно се разгледува во Барселона потврди и претседателот на клубот, Жозеп Мариа Бартомеу.

„Неговото име секако дека се разгледува“ –кратко одговори Бартомеу во интервју за „Кадена СЕР“.