Барселона се договори со Кутињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Големи вести пренесуваат шпанските медиуми оваа вечер. Имено, радио станицата „RAC 1“ објави дека Барселона ги договорила деталите со играчот на Ливерпул, Фелипе Кутињо.

Договор е постигнат само со играчот, но трансферот со Ливерпул се уште не е договорен и се очекува допрва да започнат преговори помеѓу двата клуба.

Се верува дека сумата која Барселона планира да ја плати на Ливерпул за услугите на Кутињо е околу сто милиони евра.