Барселона „смртно“ се налути: Семејството му ја уништи кариерата


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Проблемите не беа од фудбалска природа. Барселона го продаде Ален Халиловиќ на Хамбург, но тешко дека ќе ја искористи опцијата да го откупи, а причината не е позната.

    Според информации на медиумите, Барселона смета дека влијанието на семејството на младиот фудбалер во фудбалските работи е голем проблем и поради тоа неговата кариера е оштетена.

    Одличниот млад играч беше на позајмица во Спортинг, а летово имаше понуди од Валенсија, Виљареал и Севиља.

    Неговиот татко бараше 2.5 милиони евра за трансферот, а Валенсија одби да плати, па се повлече од преговорите, како и останатите клубови од Примера.

    На крајот остана само Хамбург, кој исто така не плати ниту процент, но нивната понуда за играчот беше подобра и тој се пресели во БЛ.

    Халиловиќ играше стандардно додека тренер беше Лабади, но по смената на тренерот поради лоши резултати Хрватот не добива шанса.

    Според медиумите, првата караница на Барселона со семејството следела кога тие земале личен тренер во текот на сезоната во „Б“ тимот, незадоволни од тоа како младиот играч се развива во тимот.

    Барселона има право да го откупи Халиловиќ до 2018-та година, но малку е веројатно дека тие ќе ја активираат клаузулата за враќање во Каталонија.