Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона е пред комплетирање на трансферот на колумбискиот интернационалец Јери Мина.
По трансферот на Кутињо од Ливерпул, Барселона сега се подготвуваат да го претстават нивното ново засилување откако постигнале договор со Палмеирас за трансфер на младиот стопер.
Според „RAC1“ играчот од одбраната официјално ќе биде претставен како нов играч на Барселона во следните неколку денови и ќе биде замена за Хавиер Маскерано кој ќе се приклучи на Хебеи Чина Фортјун.
Трансферот на Јери Мина ќе ја чини Барселона 12 милиони евра.