Барселона со покер погодоци ја декласира Гранада (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона ја победија Гранада на Лос Карменес во натпревар од 29-то коло во Ла Лига, 1:4.

Барселона почна да напаѓа од првата минута. Суарез ја погоди пречката во 24-та минута. Голманот на Гранада, Очоа потоа му одбрани два пати зицер на Суарез. Алкасер пропушти голема шанса за погодок. Пред крајот на првото полувреме Луис Суарез со фантастичен лоб удар му донесе водство на каталонците.

На почетокот на второто полувреме Очоа го одбрани ударот на Алкасер. Во 50-та минута Жереми Бога кој влезе во второто полувреме го израмни резултатот.

Се играше 64-та минута  кога резервата Пако Алкасер го врати водството на Барселона. Ракитиќ имаше шанса за погодок, но неговиот удар го одбрани Очоа.

Гранада натпреварот го заврши со 10 фудбалери бидејќи Уче Агбо доби црвен картон. Една минута после црвениот картон за домашните, Ракитиќ шутираше, фудбалерот на Гранада го промени правецот на топката, а Очоа остана немоќен.

Kонечните 1:4 ги постави Нејмар во судиското продолжение од второто полувреме. Нејмар имаше шанса и за втор погодок на натпреварот, но ја погоди стативата.

Барселона после оваа победа ќе остане на втората позиција со два бода помалку од лидерот Реал Мадрид.