Барселона ја посакува трансфер целта на Манчестер Јунајтед


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ објавува дека од редовите на Барселона се силно заинтересирани во своите редови да го донесат играчот на Челси, Вилиан.

Во медиумите претходните денови излезе информација дека Челси одбил понуда од 50 милиони фунти од страна на Барса за услугите на Бразилецот, а денес „Мундо Депортиво“ пишува дека од Барселона и покрај тоа што им е одбиена понудата нема да се откажат од намерата да го донесат Вилиан во своите редови.

Крилниот играч испадна како трансфер цел за клубот од Каталонија откако Барселона не успеа да го убеди Гризман да се пресели на „Камп Ноу“.

За 29 годишниот Вилиан сериозен интерес има и од редовите на Манчестер Јунајтед.