Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Евролигата реши да ги намали бонусите резервирани за клубовите со „А“-лиценца за да добијат повеќе пари клубовите без повеќегодишни договори.
Првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу донесе одлука да биде „Робин Худ“ и да им помогне на „сиромашните“ клубови.
Па така на 11 клубови, кои имаат десетгодишен договор со Евролигата ќе им скрати 200.000 евра, а дел од собраните пари ќе им подели на тие кои немаат повеќегодишни договори.
Ќе видиме дали оваа постапка на Бартомеу ќе ги налути најголемите клубови, зашто на ваков начин им се крши ветувањето дека тимовите со повеќегодишни договори ќе добијат покачување.