Бартомеу откри: Нејмар не може да се врати во Барселона поради една причина!


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу во разговор за каталонски медиуми зборуваше за враќање на Нејмар во клубот.

Бартомеу призна дека се видел со Нејмар неколку пати, но никогаш не разговарале за враќање во Каталонија на Бразилецот.

„Зборував со Нејмар неколку пати откако си замина од Барселона. Еднаш се видовме, но никогаш никој од неговата околина не ми рекол дека сака да се врати. Ниту Нејмар никогаш не рекол такво нешто јавно. Тој има договор со ПСЖ, ова му е втора сезона во клубот и тешко ќе се согласат да го продадат наердното лето“, кажа првиот човек на Каталонците.

Првиот човек на Каталонците вели дека се хендикепирани во однос на останатите клубови поради клаузула.

„Ние сме хендикепирани во однос на останатите клубови поради клаузула. Тука сме немоќни. Поради тоа не е возможно враќање на Нејмар во Барселона“, вели Бартомеу.

Нејмар во ПСЖ замина во 2017 година за рекордни 220 милиони евра.