Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Басконија славеа со 60:94 на гости против Реал Бетис во натпревар од единаесетото коло од АЦБ лигата.
Гостите почнаа фуриозно и после десет минути игра имаа водство од 12:29. Во втората четвртина гостите продолжија со одличната игра и на полувреме заминаа со 25:47. Третата четвртина не донесе ништо посебно корисно за Бетис, туку кошаркарите на Басконија го зголемуваа водството. Бетис со 33 поени негатива влезе во последните десет минути од натпреварот. Последната четвртина гостите ја одиграа рутинирано и славеа со високи 60:94.
Шенгелија со 14 поени ја предводеше Басконија до победа. Тилие додаде 12 и тој беше единствениот двоцифрен кошаркар на денешниот натпревар заедно со Шенгелија. Радичевиќ кај Бетис беше најефикасен со 13 поени. Војдан Стојановски го заврши натпреварот со 12 поени.
Во следното коло Бетис и Војдан му гостуваат на Хувентуд.