Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Покрај натпреварот Денвер-Јута кој заврши со победа на Денвер од 105:91 во ноќта недела кон понеделник се одиграни уште 3 натпревари во најсилната кошаркарска лига.
Џими Батлер вчера играше одлично во дресот на Чикаго. Постигна 40 поени во победата на Чикаго, а имаше голема помош од останатиот дел од екипата. Никола Мировиќ постигна 15 поени и 15 скокови, а 15 поени имаше и Тај Гибсон. Од другата страна кај Лејкерс Вилијамс постигна 25 поени.
Нов пораз и за Оклахома. Тие беа поразени во продолженијата од Индијана со 115:111, а не им помогне ниту новиот трипл-дабл на Расел Вестбрук. Тој го заврши натпреварот со 31 поен, 15 асистенции и 11 скокови, но поддршка од соиграчите немаше.
Останати резултати:
Денвер – Јута 105:91
Оклахома – Индијана 111:115
Сакраменто – Торонто 102:99
Лејкерс – Чикаго 110:118
https://youtu.be/VwAFMxbQARQ