Батшуаи заминува од Челси, но останува во Премиерлигата!?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Челси нема да смета на услугите на Миши Батшуаи, кој се врати во клубот по раскинувањето на позајмицата со Валенсија.

„Сините“ сакаат да го продадат Батшуаи, зашто сметаат дека нема смисла да го праќаат повторно на позајмица, а според англиските медиуми, за него заинтересиран е Евертон.

Монако се обидел да го купи Батшуаи, но Челси ја одбил понудата, па Евертон доколку сака да го ангажира, тогаш ќе мора да плати 40 милиони евра.

Батшуаи во Лондон стигна во 2016 година од Олимпик Марсеј, а на 53 натпревари за англискиот клуб постигна 19 голови.