Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Роберто Батиста Агут по поразот од Новак Ѓоковиќ на Роланд Гарос изјави дека е задоволен од својата игра и дека одлучно му се спротивставил на Србинот.
„ Сметам дека играв одлично и дека бев на исто ниво со Новак. Имав шанси во третиот сет, но не успеав да ги искористам.“
„ Тој е шампион, еден од најдобрите играчи во историјата. Секако дека ако продолжи вака да се бори, повторно ќе застане на тронот на АТП листата.“ – изјави Агут после денешниот меч.
Новак Ѓоковиќ во осминафиналето ќе се сретне со Фернандо Вердаско.