Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После реванш дуелот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, кој го одбележаа сомнителни судиски одлуки, се огласи и тренерот на шпанскиот клуб Зинедин Зидан.
После дуелот Зидан рече дека сега, конечно чувствува олеснување.
„Мислам дека дуелот беше многу тежок за играње, отколку што мене ми се чинеше на клупата. Бевме во проблеми, но останавме смирени“.
„Имаше неколку ситуации во кои можевме да постигнеме голови, но не постигнавме, а бидејќи не сме имуни на грешки, тоа ги врати во игра“, рече Зидан после натпреварот.
Францускиот стручнак во неколку наврати напомена дека се работеше за многу тежок натпревар, но немаше коментар за судењето.
Зидан секако може да биде задоволен од расплетот на ситуацијата и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите.