Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот селектор на Италија, Џанпјеро Вентура, кажа дека не е фер тоа што постојано него го критикувале за сè што се случувало во селекцијата.
Италијанците не се пласираа на Светското првенство, откако во бараж-натпреварот беа поразени од Шведска, а искусниот Вентура ја отвори душата и кажа што се случувало во тој период.
„Ја предводев најстарата италијанска екипа во последните 50 години, а потоа повикав дури 14 дебитанти и знам дека ќе имавме многу успех на Мундијалот. До Шпанија беше сè во ред, имавме седум победи и две реми, но потоа следуваше пораз од 3-0 и критиките на моја сметка“, вели Вентура.
Поранешниот селектор преживеал вистински хорор во италијанските редови, па вели дека требало порано да си замине.
„Бев вреќа за удирање. Бев виновен за сè, Вентура погоди ставива, Вентура промаши гол, Вентура е виновен што не играме на Мундијал. Моја грешка е тоа што не заминав порано“, вели 70-годишниот стратег.