Бекам: Мурињо му е потребен на Манчестер Јунајтед


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам смета дека клубот има феноменален тренер.

Англичанецот играше за Манчестер Јунајтед од 1991 до 2003 година и не е тајна дкеа и денес е заинтересиран за случувањата во неговиот поранешен клуб.

„Мурињо е добар тренер за Јунајтед, тој е еден од најдобрите менаџери. Секој ќе има свое мислење за него како менаџер и како личност, но треба да се каже дека добро го води тимот“, вели Бекам.

Португалецот пристигна во Манчестер Јунајтед во 2016 година.