Белгија го матираше Бразил и се пласираше во полуфиналето


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Репрезентацијата на Белгија славеше против селекцијата на Бразил со резултат 2:1 и така се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Русија.

Белгија стигна до предност во 13. минута откако Чадли центрираше , а Фернандињо си постигна автогол со глава.

Веќе во 32. минута Белгија зголеми на 2:0. Нејмар центрираше од корнер, но Фелаини одби со глава и тргна во контра напад кој феноменално го водеше Лукаку кој го помина половина игралиште и во вистински момент го проигра Де Брајн кој погоди за дуплирање на водството.

Потоа очекувано Бразил ја презеде иницијативата, но до гол за намалување сигнаа релативно доцна. Во 76. минута Ренат Аугусто со глава го совлада Куртоа.

До крајот Бразилците не можеа да стигнат до израмнување кое ќе ги однесеше во продолженија.