Белерин го договори новиот договор со Арсенал, а имал шанса за враќање во Барселона


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Навивачите на Арсенал утрово не можеа да добијат подобра вест.

    Имено, еден од нивните најдобри фудбалери и миленикот на Венгер, Хектор Белерин се согласил за продолжување на договорот и ќе остане на „Емирати“ и покрај бројните понуди од најголемите европски клубови, потврди неговиот агент.

    Неговиот менаџер, Алберт Ботинес за „The Guardian“ го потврди интересот на Барселона, клубот во кој Белерин ја стекна фудбалската школа, но истакна дека веќе ги договорил сите услови со Арсенал за продолжување на соработката.

    „Се уште преговорите се во тек, но важното е договорено. Многу сме блиску до моментот кога Хектор ќе потпише нов, уште подобар договор со Арсенал“, изјави Ботинес.