Белерин останува во Арсенал и си одбра број за следната сезона


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хектор Белерин истакнал дека нема намера да си замине од Арсенал и побарал нов број на дресот за следната сезона.

Иако минатата сезона го продолжи договорот со „топчиите“, Шпанецот константно беше преселуван од Арсенал, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се јавија Јувентус и Барселона.

Но зборувајќи со неговите соиграчи Пер Мертесакер и Роб Холдинг за клупскиот „Јутуб“ канал, Белерин истакна: „Ова лето ќе го барам дресот со број 2. Веќе разговарав со човекот задолжен за дресови во Арсенал и тој го знае тоа“.

Дали ова значи дека талентираниот Шпанец ќе остане во Арсенал и следната сезона останува да видиме.