Белорусија останува без бронзата од Пекинг


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Белоруските атлетичарки ќе останат без бронзата во штафета 4 по 400 метри за ОИ во 2009 година во Пекинг.

    Усовичова не падна на тестот пред осум години, но со повторно тестирање на примерокот од Пекинг потврдено е дека таа користела недозволени сусптанции, па ќе бидат избришани сите нејзини резултати од игрите.

    Белорусинките низ целта во Пекинг поминаа како 4-та екипа, зад САД, Русија и Јамајка. Меѓутоа до местото кое носи бронза напредуваа во август, кога рускиот тим е дисквалификуван бидејќи Капачинскаја била позитивна на допинг во Пекинг.

    Таков расплет, ќе овозомжи на Англија да ја превземе бронзата.

    „Среќна сум, но би сакал тогаш да имам шанса да бидам на подиумот.“, изјави Кели Сотертон.

    „Се чувствувам како да сум изгубила 8 години во кои за себе сум можела да зборувам дека имам освоено бронза. Можевме да имаме повеќе спонзорски договори пред Лондон 2012. Не губат само спортистите поради вакви работи, туку и нивните семејства, тимови и самиот спорт.“