Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Можеби најконтроверзниот фудбалер во моментов, Хатем Бен Арфа, овие денови се поврзува со трансфер во Премиер лигата.
Поранешниот француски репрезентативец повеќе од една година нема одиграно ниту еден компетитивен натпревар.
Искусниот 31 годишен фудбалер падна во немилост на раководството на ПСЖ и Унаи Емери, и од 2017 година нема забележано ниту еден настап.
За негова среќа, договорот со ПСЖ му истече и тој ова лето ќе има нов тим. И покрај неговата контроверзност, голем број клубови се уште го посакуваат во своите редови, а меѓу нив е и тимот на Вест Хем.
Мануел Пелегрини наводно ќе се обиде да го ангажира Бен Арфа кој претходно настапуваше во Њукасл и во Хал. И во двата тима фудбалерот правеше проблеми, а вистинскиот сјај го покажа во дресот на Ница.