Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Севиља на Рамон Санчез Пискуан го победија Селта Виго во натпревар од 34-то коло во Ла Лига, 2:1.
Ибора во првото полувреме ја имаше можеби најголемата шанса за погодок, но ја погоди стативата. На почетокот на второто полувреме Хоакин Кореа ја затресе мрежата на Селта.
Во 53-та минута беше досуден пенал за гостите од Виго. Јаго Аспас постигна погодок од белата точка за израмнување. Три минути подоцна Селта остана со 10 фудбалери на теренот, Пабло Ернандез доби црвен картон.
Ескудеро и Насри ја затресија пречката. Вас пропушти шанса за погодок, а десет минути пред крајот на натпреварот Висам Бен Једер погоди за 2:1. Гансо шутираше покрај голот, а на крајот домашните се радуваа, 2:1.