БЕСНИТЕ навивачи на Барселона удрија без пардон по Ракитиќ: Да дојде денот кога ќе се повреди на долго време…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера славеше на гостувањето против ПСВ со 2:1 и во пресрет на последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите каде ја сочува челната позиција и веќе се избори за осминафинале.

Во победата со полна минутажа учествуваше и Иван Ракитиќ. Играчот за врска на Барселона привремено ја прекина рехабилитацијата која третираше истегнување на тетивата од десното колено во мечот помеѓу Хрватска и Шпанија, во Лигата на нациите.

Меѓутоа, навивачите на Барселона беа незадоволни од играта на Ракитиќ. Многумина на социјалните мрежи упатија критики. Некои навреди беа дури и на граница со добриот вкус.

„Играше како го*но, Беше очаен, Треба да се избрка…“, беа дел од рецензиите на незадоволните навивачи на каталонскиот гигант.

Имаше и доста навредливи коментари. Со оглед на тоа дека е незаменлив на позицијата играч за врска, некои навивачи на Барселона, тврдат дека Иван Ракитиќ „поседува фотографии на кои тренерот Ернесто Валверде е потполно гол“.

Некои објавија дека ќе го „слават денот кога Ракитиќ ќе се здобие со повреди кои долго ќе го оттргнат од теренот“…